September 23, 2024 | | Свет
Манчестер Сити успеа да остане непоразен на вчерашниот натпревар каде во 98. минута Џон Стоунс ги спаси. Арсенал цело второ полувреме играше со играч помалку, а буквално целото полувреме се играше на половината на гостите. По натпреварот, токму стрелецот Стоунс реши да го нападне Арсенал и да зборува за тактиките кои тие како тим ги користеле. „Не знам дали станале мајстори за темни фудбалски уметности, но тие го прават тоа веќе со години. Знаеме дека можеме да го очекуваме ова од нив. Може да го наречете и валкан фудбал, може да го употребите кој било термин. Тие цело време ја прекинуваат играта и се обидуваат да го нарушат ритамот. Тоа го користат како своја предност и моравме да се справиме со тоа. Кога бркаат одредена цел и некој резултат, тие користат фудбал за кој не се одлучуваат многу други тимови. Тие целосно го забавуваат темпото и играта станува многу потешка. Моравме да имаме трпение и да ги контролираме емоциите додека го правеа тоа“, рече Стоунс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |