Тренерот на Партизан настрада од своите навивачи по тешкиот пораз од Црвена звезда (ВИДЕО)

September 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренерот на Партизан настрада од своите навивачи по тешкиот пораз од Црвена звезда (ВИДЕО)

Црвена ѕвезда вечерва го потопи Партизан со со резултат 4:0 во дуелот од деветтото коло во српската Суперлига. Хет трик забележа Шериф Ендиаје во 24 минута од пенал, 55 и 65 минута, а Силас Катомпа Мвумпа стрелаше во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Звучи неверојатно, но Црвена ѕвезда на овој стадион оствари триум после цели осум и пол години, а за прв пат Звезда на стадионот во Хумска славеше со дури 4:0. По завршувањето на натпреварот, ситуацијата во редовите на Партизан ескалираша дотаму што навивачите со предмети фрлале кон соблекувалната на Партизан каде го скршиле стаклото и дел од парчињата завршило во лицето на тренерот Александар Станојевиќ. „Не сакам да драматизирам, немаше ниту да дојдам на оваа прес-конференција, но сакав да ве испочитувам вас медиумите. Немаше директен напад. Навивачите фрлаа со предмети и го скршија стаклото во соблекувалната. Дел од тоа стакло летна и ми го расече лицето, на челото и носот. Не сакам дополнителна драма, затоа го споделувам ова“, изјави тренерот на Партизан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.