Реал има јасен план: Да го донесе Салиба!

September 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал има јасен план: Да го донесе Салиба!

Приоритет за Реал Мадрид наредното лето ќе биде квалитетен стопер, пренесува „Marca“. Наводно, изборот паднал на Вилијам Салиба, стоперот на Арсенал кој воедно е еден од најдобрите стопери во светот. Тој игра неверојатно во Арсенал и заедно со Габриел се одличен стоперски тандем. Допрва треба да се види колку Реал Мадрид ќе загриза по него наредното лето и дали ќе успеат да го убедат францускиот стопер да ја промени средината. Салиба има договор до 2027 година, а според „Transfermarkt“, тој вреди 80 милиони евра. Тој е член на Арсенал од 2019 година, а беше на позајмици во Сент Етјен, Ница и Марсеј, а од 2022 година е стандарден првотимец.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.