Арсенал би можел да биде приморан на голот да стави 16 годишник

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал би можел да биде приморан на голот да стави 16 годишник

Арсенал ќе се соочи со Болтон во Лига Купот каде би можеле да се најдат во интересна ситуација. Имено, Давид Раја го завршил натпреварот против Манчестер Сити со болки, а дополнителен проблем е што вториот голман Нето веќе бранеше во овој куп додека беше член на Борнмут па така нема право на настап. Трет голман е Томи Сетфорд кој во моментов е повреден и не е во можност да настапи. Ова значи дека во првиот состав би можел да заигра, односно да брани Џек Портер, 16 годишник кој тренира со клубот и кој би можел да го забележи својот прв настап.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.