September 24, 2024 | | Свет
Барселона е во потрага по нов голман по тешката повреда на Тер Штеген. Нивната цел е да ангажираат голман и тоа веднаш, а изгледа пикот падна на голманот кој во моментов е во пензија. Според информациите на новинарот Томаш Влодарчик, Барселона стапила во контакт со голманот Војчех Шчесни. Иако искусниот голман ја заврши кариерата ова лето, наводно тој сега размислува да му се врати на фудбалот и да ја прифати понудата на Барселона. Каталонскиот тим сака да ја разбере неговата моментална ситуација и да се обиде да го убеди да излезе од пензија, а покрај Шчесни, Фабрицио Романо тврди дека на листата се наоѓа и Кејлор Навас, како и уште еден голман чие име не е откриено.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |