По целиот хаос, Партизан остана без тренер!

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

По целиот хаос, Партизан остана без тренер!

Александар Станојевиќ реши да си поднесе оставка од клупата на Партизан по дебаклот кој го доживеаа од Црвена ѕвезда каде претрпеа пораз од 4:0, а после натпреварот Станојевиќ беше дури и повреден. „Ми порачаа да си заминам и тоа е во ред, сум си одел и кога сме биле во подобра позиција. Но, не можам да прифатам дека ме обвинуваат за предавство или дека сум се „продал“. Кому сум се продал јас? Зарем треба некому да се оправдувам за мојата работа? Тоа не е мој стил“, изјави Станојевиќ. Ова за него беше трет мандат во дресот на Партизан а ќе замине по само четири месеци. Сепак, конечната одлука на управата се очекува да биде донесена најдоцна утре.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.