Реал се спаси од евентуално реми, Мбапе даде гол ама не од пенал! (ВИДЕО)

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал се спаси од евентуално реми, Мбапе даде гол ама не од пенал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид го совлада Алавес со 3-2, а крајот на натпреварот можеше да биде незгоден за домаќините.

Лукас Васкес го отвори резултатот уште во првата минута на асистенција на Винисиус.

На 2-0 зголеми Мбапе во 40. минута со одличниот продор на асистенција на Џуд Белингем.

Само што почна второто полувреме, поточно во 48. минута Родриго зголеми на 3-0 на асистенција на Васкес.

Потоа Реал се опушти а Алавес преку Бенавидез и Гарсија постигна два брзи гола во 85. и 86. минута. Сепак, Реал Масрид ги однесе трите бода, а аследното коло Реал Мадрид го чека тешко гостување и тоа кај градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.