Проблеми за Реал: Се повреди Мбапе

September 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблеми за Реал: Се повреди Мбапе

Килијан Мбапе се повреди на вчерашниот натпревар против Алавес. Тој ќе отсуствува околу три недели а му била констатирана повреда на бутниот мускул, но не се наведува колку долго ќе треба да паузира. Сепак, проценетото време за таква повреда е околу дваесетина дена. Ова значи дека тој ќе ги пропушти дуелите на Реал против Атлетико и Ваљадолид, како и мечот во Лигата на шампионите со Лил. Тој исто така нема да заигра ниту за Франција во Лигата на нации против Израел и Белгија. Планот е Французинот да се врати кон средината или крајот на октомври.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.