Барселона се изнамачи против Хетафе и продолжува со перфектната серија! (ВИДЕО)

September 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона се изнамачи против Хетафе и продолжува со перфектната серија! (ВИДЕО)

Барселона продолжува со перфектната серија во Ла Лига каде на првите седум натпревари запишаа седум победи. Стрелец беше Левандовски по грешката на голманот Сорија. Барселона одигра еден натпревар на искуство и на резултат каде тешко се справуваа со агресивните фудбалери на Хетафе. На крајот од натпреварот, Борха Маројал можеше да го шокира домаќинот откако целосно ја промаши топката близу до голот. Барселона има максимален 21 бод и останува на четири бода предност пред Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.