Шчесни имал еден услов за да потпише за Барселона!

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шчесни имал еден услов за да потпише за Барселона!

Војчех Шчесни одлучи да излезе од пензија и да му се врати на фудбалот велејќи дека тешко се одбива клуб како Барселона. Според некои информации, тој веќе е на пат за Барселона каде се очекува да ги помине медицинските прегледи. Според информациите на новинарот Хофре Мафеу, тој разговарал со Роберт Левандовски и му рекол дека ќе потпише за Барселона само под услов да биде прв голман. „Од она што го слушнав, имаше повик помеѓу Левандовски и Шчесни каде голманот му рекол дека нема да се приклучи на Барса доколку не биде стартер и дека не сака да заврши на клупата“, објасни Матеу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.