Вардар Неготино: Се оградуваме од вчерашниот настан и ја осудуваме личноста која го нападна голманот Андов

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар Неготино: Се оградуваме од вчерашниот настан и ја осудуваме личноста која го нападна голманот Андов

Охрид Лихнидос вчера на гостински терен минимално славеше против Вардар Неготино, а по натпреварот се случи немил настан каде навивач на домаќините го нападна голманот на Охрид Андов. Тимот од Неготино излезе со соопштение околу целиот настан каде го осудија потегот на навивачот и се оградија од инцидентот.

„Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за целосната настаната ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ.
 
Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ.
 
НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС!
 
Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион.
 
Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14:00 часот.
 
Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сеуште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред!“, стои во нивното соопштение.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.