September 27, 2024 | | Свет
Раководството на Манчестер Јунајтед на чело со новиот извршен директор Омар Берада поставија јасна цел, а тоа е титула во Премиер лигата до 2028 година. Според информациите на „The Athletic“ тоа било кажано на големата средба која ја имал клубот претходната недела. Таму бил претставен проектот „Проект 150“, со кој новото раководство планира да ја одбележи 150-та година од создавањето на клубот, основан во 1878 година. Воедно тие имаат желба истата година женската екипа на Манчестер Јунајтед да ја подигне првата шампионска титула во својата историја. Јунајтед сонува за Премиер лигата уште од 2013 година кога последен пат ја освоија. Во моментов не е сигурна позиција на менаџерот Ерик Тен Хаг каде ако продолжат ваквите резултати, наскоро би можело да дојде до промена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |