Солскјер: Го купивме Роналдо за да не премине во Сити

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Солскјер: Го купивме Роналдо за да не премине во Сити

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и легендата на клубот Оле Гунар Солскјер призна зошто во 2021 година го вратиле Кристијано Роналдо. Тој вели дека не смееле да дозволат Роналдо да заврши во Манчестер Сити, но и дека тоа било грешка. „Кристијано е еден од најдобрите фудбалери во последните 15 години. Играв со него, има историја во Јунајтед. Го напушташе Јувентус и ние не смеевме да дозволиме да оди во Манчестер Сити бидејќи таму веројатно ќе постигнуваше повеќе голови отколку сега Халанд. Мислам дека неговото доаѓање ја наруши динамиката во соблекувалната, некои фудбалери се почувствуваа помалку важни“, рече Солскјер. На крајот Роналдо влезе во конфликт со клубот каде јавно уште додека беше играч на Манчестер Јунајтед го критикуваше раководстовото, Тен Хаг, како и легенди на клубот кој го критикуваа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.