September 28, 2024 | | Свет
Пред натпреварот против Њукасл менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги прокоментира зборовите на стоперот на Арсенал Габриел кој рече дека сите натпревари против Сити се војна и нормални се провокациите меѓу фудбалерите на двете екипи со оглед на тоа што зборува за две екипи кои се борат за титулата. „Понекогаш емоциите ескалираат, тоа Габриел прекрасно го објасни. Тоа е војна, треба да го испровоцираш противникот, да го притиснеш. Ако ме провоцирате, добро, тука сум. Сакате војна? Ќе ја имате! Јасно ми е каков предизвик ни направи Арсенал. Во Англија сме најомразен клуб, сите сакаат да не победат и го чувствуваме тоа“, рече Гвардиола. За ова гостување, Гвардиола нема да може да смета на Родри за кого сезоната е завршена, но и на Де Брујне на кого му треба уште време за да се опорави.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |