Арсенал едвај го совлада Лестер, Палмер му даде четири гола на Брајтон! (ВИДЕО)

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал едвај го совлада Лестер, Палмер му даде четири гола на Брајтон! (ВИДЕО)

Арсенал потешко од очекуваното го совлада Лестер со четири кола каде натпреварот се реши во самиот крај. Во првото полувреме Арсенал постигна два гола каде стрелци беа Мартинели и Тросард, а во второто домаќините беа изненадени од двата гола на Џастин. Натпреварот беше со резултат 2-2 се до 94. минута кога Ендиди си постигна автогол после корнер на Арсенал. Каи Хаверц постигна гол во 99. минута за потврда на победата. Во првото полувреме Арсенал буквално го уништи Лестер, а во второто полувреме Арсенал со многу напори сепак успеа да дојде до победа.

Во дуелот на Челси против Брајтон, шоу имаше Кол Палмер кој постигна дури четири гола, а Рутер и Балеба беа стрелци на головите за Брајтон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.