Мамаду Сако го подбра Рабио: Попрво ќе ја завршам кариерата отколку да играм за Марсеј

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мамаду Сако го подбра Рабио: Попрво ќе ја завршам кариерата отколку да играм за Марсеј

Мамаду Сако реши да упати огромна критика спрема Адриен Рабио поради неговата одлука да премине во Марсеј. Имено, двајцата потекнуваат од Париз, и двајцата ја поминаа младинската школа на ПСЖ. Тие исто така и заедно настапуваа за шампионот на Франција, а ваквиот трансфер за Сако е предавство. „Како парижанец од мал, како играч кој го носел дресот на ПСЖ немаш право да го облечеш дресот на Марсеј. Како вистински парижанец попрво би ја завршил кариерата отколку да го облечам дресот на Марсеј. Говорам за себе“, вели Сако.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.