September 28, 2024 | | Свет
Баерн Минхен и актуелниот шампион Баер Леверкузен одиграа 1:1 во дербито на колото во Бундеслигата. Баварците доминираа во текот на целиот натпревар каде 69 отсто од времето топката ја имаа тие, но не успеаа да дојдат до победа. Леверкузен дојде со намера да не изгуби и на крајот играчите на Чаби Алонсо дојдоа до еден бод. Роберт Андрих го отвори резултатот во 31. минута кога успеа да го искористи додавањето на Џака и да погоди. Баерн брзо успеа да се врати со евроголот на Павловиќ во 39. минута каде од 27 метри упати страшен удар во голот на Храдецки. Во второто полувреме Леверкузен буквално ништо не одигра, а Баерн имаше шанси преку Гнабри, кој ја погоди гредата, а потоа и преку Олисе, чиј удар гостинскиот голман успеа да го одбрани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |