September 29, 2024 | | Свет
Светското клупско првенство кое за првпат ќе се одигра во нов формат со дури 32 екипи, ќе започне следното лето во периодот од 15 јуни до 13 јули.
Турнирот ќе се одигра во САД а големото финале ќе биде одиграно на стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси.
Натпреварите ќе се одиграат и на стадионите во Сиетл, Лос Анџелес, Синсинати, Нешвил,Атланта, Шарлот, Мајами, Орландо, Вашингтон и Филаделфија.
Иако ФИФА упорно инсистира на нови натпреварувања и повеќе средства, сепак наидоа на огромен проблем. Имено, ТВ правата за ова клупско СП досега не се продадени, а немало ни голем интерес, па ништо чудно и ваквото првенство да претпре некакви измени, или пак целосно да биде тргнато.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |