September 29, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед има кошмарно прво полувреме против Тотенхем каде губат со 0-1, а ќе играат и со играч помалку бидејќи Бруно Фернандеш заработи црвен картон. Натпреварот започна шокантно за Јунајтед каде во 3. минута Ван де Вен се прошета во одбраната на домаќините и прекрасно го пронајде Бренан Џонсон кој погоди за 0-1. Во 20. минута Џонсон можеше да ја дуплира предноста, но ја погоди стативата. Две минути подоцна Зиркзе имаше шанса да израмни, но Викарио беше сигурен. Вернер промаши ситуација еден на еден со Онана во 39. минута каде буквално можеше да бира каде ќе шутира. Во 42. минута следуваше тотален шок за Манчестер Јунајтед бидејќи Бруно доби црвен картон поради стартот врз Медисон. Првите впечатоци се дека овој црвен картон е претеран и дека стартот не беше толку опасен, но судијата Крис Кавана мислеше друго, а ваквата одлука беше потврдена и од ВАР собата.
1-0! BRENNAN JOHNSON.
WHAT A RUN FROM VAN DE VEN!pic.twitter.com/eh4MMbCXPY — The Spurs Watch (@TheSpursWatch) September 29, 2024
BRUNO RED CARD FOR THIS?????
HAHAHAHAH!!! GAME IS GONE!! 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/xBGEDoovfV — UF (@UtdFaithfuls) September 29, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |