Тен Хаг: Не размислувам за отказ!

September 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Не размислувам за отказ!

Манчестер Јунајтед денеска претрпе тежок пораз на домашен терен против Тотенхем со 3-0. По натпреварот, Ерик Тен Хаг рече дека ова е лекција за нив и дека ќе се вратат на вистинскиот пат. ,,Ќе се вратиме. Секогаш има нов ден и од него ќе учиме. Моите играчи се силни карактери и ние ќе возвратиме. Мораме да научиме од ова и тоа брзо’’, рече Тен Хаг. Тој беше запрашан и за тоа дали би можел да добие отказ. „Воопшто не размислувам да бидам отпуштен. Сите донесовме одлука да останеме заедно, сопствениците, персоналот, играчите и јас. Одлуката ја донесовме од јасен преглед на тоа што треба да направиме. Знаевме дека ќе потрае некое време. Сите заедно сме на иста страница’’, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.