Пандев повторно ќе заигра за Интер со Адријано и Милито против Милан!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пандев повторно ќе заигра за Интер со Адријано и Милито против Милан!

На петти октомври ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу легендите на Интер и Милан во кинескиот град Нанинг и на истиот ќе настапи големиот Горан Пандев. Пандев остави длабок траг во Интер, а неодамна го поддржа неговиот тим пред дуелот со Манчестер Сити. Тој во 2010 година под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал. Освен Адријано и Милито, ќе настапат и Снајдер, Матераци, Маикон и Занети.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Inter (@inter)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.