September 30, 2024 | | Свет
Малку фалеше Реал Мадрид вчера да дојде до сите три бода на гостувањето кај Атлетико Мадрид, но во 95. минута Анхел Кореа успеа да постигне гол, па две екипи мораа да се задоволат со по еден бод. Запрашан за натпреварот, Карло Анчелоти рече дека неговиот тим во последните минути бил приморан да се брани, па од тука и не дојдоа до победата. „Бевме многу блиску да стигнеме до победата, но тоа е фудбалот. Атлетико е наш голем ривал. Вакви работи се случуваат. Замените ги направив само поради тоа што играчите беа заморени. Дали се чувствував нервозен во последните минути? Кога на пет минути пред крајот на ваков меч имате водство, едноставно мора да се браните. Тоа е единственото нешто што треба да го направите, а ние не успеавме“, рече Анчелоти. Италијанскиот тренер има и големо достигнување каде неговиот тим 40 натпревари по ред нема пораз во Ла Лига. Рекордот го држи Барселона со 43.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |