Вокер не може да крене глава од жени: Треба да плати богатство!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вокер не може да крене глава од жени: Треба да плати богатство!

Кајл Вокер живее прилично турбулентен живот. Неговата сопруга Ени Килнер реши да му побара околу 15 милиони фунти за да му прости бидејќи десниот бек се обидел да се смири со поранешната љубовница Лорин Гудман со кого има две деца. „Вокер и Килнер се расправаат за се и сешто и дека решиле да склучат финансиски договор. Таа му кажа дека ќе размисли да се обиде повторно само ако прво ѝ даде половина од парите. И беше кажано дека има право на половина од неговото богатство ако се разделат и таа не сака ниту цент од нејзиниот удел да оди кај Лорин“, тврди близок извор до парот. Исто така, сестрата на Килнер, Сиан роди момче во тајна врска со татко на четири деца. Килнер ја обвини својата сестра дека го прави истото како Гудман. На поранешната љубовница пак, Вокер мора да и купи дом вреден повеќе од 2 милиони евра, но на пропишана оддалеченост од неговото семејство, а има обврска да плаќа повеќе од 9.000 евра месечно алиментација. Тој се најде во неволја откако неговата сопруга Ени Килнер и неговата љубовница Лорин Гудман отпатуваа во Германија за да ја бодрат Англија на завршницата на Европското првенство. И самиот Кајл Вокер призна дека сакаше да замине од Сити и да премине во Баерн Минхен поради проблемите надвор од теренот, но сепак на крај остана во Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.