Баерн го критикува трансферот на Мбапе во Реал

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн го критикува трансферот на Мбапе во Реал

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле го коментираше трансферот на напаѓачот Килијан Мбапе во Реал Мадрид каде немаше пофални зборови за овој трансфер. „Секогаш можете да станете полаком за пари, но секој што е алчен за пари постепено ќе стане клинец во ковчегот на фудбалот“, изјави Еберле. Еберле додаде дека станува збор за стотици милиони и дека самиот трансфер не го прави позитивен. „Некогаш корист имаа клубовите. Парите остануваа во оптек, но сега ги има сè помалку“ објаснува тој. Договор на Мбапе е потпишан до 2029 година, а тој ќе добие над 100 милиони евра бонус за потпишување на договорот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.