Фердинанд: Само еден играч може да биде горд со својот настап!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фердинанд: Само еден играч може да биде горд со својот настап!

Манчестер Јунајтед повторно потфрли со својот настап овој пат против Тотенхем каде загубија со 3-0 на „Олд Трафорд“. Кога имаа еден гол негатива, Бруно Фернандеш доби црвен картон кој беше дискутабилен. Легендата на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд го коментираше настапот на „црвените ѓаволи“ каде рече дека само еден играч може да биде горд на својот настап, а тоа е голманот Андре Онана. „Знаете кого треба да издвојам, а кој добиваше многу критики минатата сезона? Онана. Без него ќе примевме шест или седум. Онана е добар оваа сезона, тој направи чекор напред, имаше големи одбрани. Да, имаше некои чудни работи овде-онде, но тој беше она што сакате да го видите. Она што очекував да го видам од Онана е тоа што го гледам оваа сезона. Тој е единствениот кој од овој дуел излегува со каква било заслуга, позитива. Може да си замине со крената глава. Ама нема да го направи затоа што е повреден, прими три гола. Ама не беше виновен за ниту еден од погодоците, тој не задржа во игра“, рече Фердинанд. Следните два натпревари можат да бидат пресудни за Тен Хаг како тренер. Прво играат против Порто во Лигата на Европа на гостински терен, а потоа против Астон Вила во Премиер лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.