Нови критики за Тен Хаг: „Платија 50 милиони евра за играч кој само се шета“

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нови критики за Тен Хаг: „Платија 50 милиони евра за играч кој само се шета“

Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен упати жестоки критики кон Ерик Тен Хаг каде се чини дека отказот е се поблизу. Јунајтед веќе има три порази во Премиер лигата, а наредните два натпревари, едниот против Порто, другиот против Астон Вила можат да ја одредат судбината на Тен Хаг. „Го видов новиот фудбалер, Угарте, кој е платен 50 милиони евра. Шеташе наоколу. Се прашувам како е тоа можно? Идиотски потег на Тен Хаг да инвестира во фудбалер кој нема поим. Кажете ми барем еден врвен фудбалер во Манчестер јунајтед? Во секој клуб има барем по еден, но во Јунајтед нема. Рашфорд е исклучително лош. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана е добар голман и тоа е тоа. Каземиро е готов, Гарначо солиден, но клубот нема фудбалер кој ќе ги поведе“, рече Ван Бастен. Манчестер во моментов го зазема 13. место на табелата со само седум бода и имаат осум помалку од лидерот Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.