Гвардиола никогаш повеќе нема да биде тренер на Барселона

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола никогаш повеќе нема да биде тренер на  Барселона

Откако Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, сите се прашуваа дали еден ден тој пак би се вратил. После напуштањето на Барса, во 2013 година тој стана тренер на Баерн Минхен. Гвардиола беше запрашан дали еден ден пак би се вратил во Барселона како тренер. „Не, нема да се вратам, таа врата е затворена“, рече тој. Иако е прилично близок со претседателот Жоан Лапорта, очигледно тој нема во план да се врати. Пеп во иднина евентуално би можел да се врати како дел од управата на Барселона. Од 2016 година тој е тренер на Манчестер Сити, а неговиот договор истекува следната година. Тој воедно рече дека во моментов поголеми се шансите тој да замине од Сити отколку да ја продолжи соработката.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.