ОФИЦИЈАЛНО: Шчесни е нов голман на Барселона

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Шчесни е нов голман на Барселона

Војчех Шчесни и официјално е потврден како нов голман на Барселона. Тој доаѓа како замена за Тер Штеген кој доживеа тешка повреда на коленото па сезоната за него најверојатно е завршена. Шчесни прифати да излезе од пензија и да потпише за Барселона бидејќи рече дека би било чудно ако не ја прифател понудата на клуб каков што е Барселона. Во кариерата има над 500 натпревари на кои има околу 210 натпревари со 'чиста мрежа'.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.