Дембеле му се извинил на Енрике, се враќа во тимот

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дембеле му се извинил на Енрике, се враќа во тимот

Дембеле му се извинил на тренерот Луис Енрике откако дојде до конфликт меѓу нив двајца по последниот натпревар на ПСЖ во лигата, па тој вчера не играше против Арсенал. Се очекува тој да се врати во составот за натпреварот против Ница, а со ваквото извинување, конфликтот е решен. Наводно, расправијата која тие ја имале била многу сериозна, иако не се открива за што точно станува збор. На прес-конференцијата пред натпреварот со Арсенал, Енрике рече само дека Дембеле не се трудел доволно и дека станува збор за проблем со дисциплината. ПСЖ загуби на гостувањето кај Арсенал со 2-0 во рамките на второто коло од Лигата на шампионите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.