October 3, 2024 | | Свет
Тијаго Мота не го криеше задоволството на неговиот тим во победата над Лајцпиг од 3-2 и тоа со играч помалку. Интересно е што тој смета дека неговиот тим играл подобро со играч помалку. „Мислам дека игравме добро и во првото полувреме, иако имаше некои технички грешки, но игравме дури и подобро кога останавме со 10 играчи на теренот. Мислам дека разликата во второто полувреме беше во тоа што покажавме поголема верба и желба да го докажеме нашето надмоќно ниво над противникот. Затоа победата е заслужена. Играчите покажаа храброст, а не јас, така што тие заслужуваат честитки. Тие покажаа дека вистински веруваат во она што го зборувавме пред натпреварот. Овие фудбалери го носат дресот на голем клуб, така што треба да имаат вистински менталитет. Покажаа гордост и решителност за сите тренери кои работат со нив и за навивачите кои ги гледаа. Треба оваа желба да ја претвориме во посветеност и решителност. Среќен сум, затоа што ова беше тежок натпревар со многу негативни моменти, но ние реагиравме добро на сите тешкотии“, изјави Мота. Мота додаде дека тимот правилно реагирал по црвениот картон и покажал карактер. „Ја задржавме самодовербата и ја покажавме вистинската поставеност, а тоа е основата врз која можеме да градиме понатаму. Покажавме дека со вистинскиот пристап можеме да го промениме текот на секој натпревар. Важно беше како ќе пристапиме кон овој натпревар, бидејќи игравме против млади момци кои сакаат да напаѓаат со ентузијазам, па затоа беше важно да не направиме грешка уште при првто додавање“, истакна тренерот на Јувентус.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |