Познато е колку ќе заработи победникот на ЕП

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато е колку ќе заработи победникот на ЕП

Иако беше реално да се очекува наградниот фонд за Европското Првенство во Германија да биде повисок, сепак тој остана непроменет во споредба со претходното ЕП и истиот изнесува 331 милиони евра. Пласираните репрезентации ќе добијат по 9.25 милиони евра, секоја победа во групната фаза вреди еден милион, додека за реми се доделува пола милион. Пласманот во осминафиналето е дополнителен 1.5 милион, влез во четврфиналето е 2.5 милиони, додека за полуфиналето четири милиони евра. Победникот ќе заработи осум милиони евра, а губниткиот во финалето ќе добие пет милиони евра. Една репрезентација може да заработи максимум 28.25 милиони евра ако би издвоила три победи во групната фаза, како и да го освои ЕП. ЕП започнува на 14-ти јуни и ќе трае до 14-ти јули, а турнирот ќе го отвори домаќинот Германија во дуел против Шкотска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.