ФИФА сака да воведе нов преоден рок

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ФИФА сака да воведе нов преоден рок

ФИФА сака да воведе уште една промена се со цел да се обиде да привлече внимание за Светското клупско првенство. Во моментов имаме летен и зимски преоден рок, а Светската куќа на фудбалот сака да додаде уште еден преоден рок и тоа од 1 до 10 јуни. Идеја позади ова е клубовите да имаат можност да се засилат пред почетокот на овој турнир. Ова доаѓа откако медиумите пренесоа дека слаб е интересот за телевизиските права и општо за посетеноста на овој нов турнир кој ќе започне наредното лето и ќе трае околу еден месец. Во случај да добие одобрение од лигите, ќе може да се прават нови траснфери пред почетокот на турнирот на 15 јуни. Првенството ќе се одржи на 11 стадиони во САД од 15 јуни до 13 јули. Ќе видиме какви ќе бидат реакциите на фудбалерите до тогаш бидејќи тие веќе се жалат за големиот број на натпревари, а со ова натпреварување ќе имаат уште неколку натпревари повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.