Одлични 45 минути: Јунајтед водеше со два гола, Порто израмни за седум минути! (ВИДЕО)

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одлични 45 минути: Јунајтед водеше со два гола, Порто израмни за седум минути! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше предност од 2-0 во првото полувреме на гостувањето кај Порто на „Драгао“, но за само седум минути домаќините се вратија во игра. Стрелец за првиот гол на Манчестер Јунајтед беше Маркус Рашфорд во 7. минута, а во 20. минута Хојлунд зголеми на 2-0 на асистенција на Рашфорд. Седум минути подоцна Порто успеа да се врати во игра преку Пепе, а во 34. минута Омородион прекрасно погоди на аситенција на Жоао Марио. Иако играта на Јунајтед не блескаше во првото полувреме, дадоа два гола, но набрзо предноста беше анулирана. Не очекува возбудливо второ полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.