Реал легна на брашното: Ќе биде на Светското клупско првенство

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал легна на брашното: Ќе биде на Светското клупско првенство

Анчелоти претходно во интервју за Il Giornale рече дека Реал Мадрид нема да биде дел од Светското клупско првенство. Но, стигна демант од Реал Мадрид. Клубот потврди дека сепак Реал ќе биде дел од ова натпреварување. „Во ниту еден момент не е доведено во прашање нашето учество на новото Светско клупско првенство што ќе го организира ФИФА во следната сезона 2024/2025 година“, рекоа тие. „Ќе се натпреваруваме како што е планирано во ова официјално натпреварување со кое се соочуваме со гордост и со најголем ентузијазам за да ги натераме нашите милиони фанови ширум светот повторно да сонуваат за нова титула“, потврдија од Реал Мадрид. И Анчелоти даде дополнителна изјава околу целата ситуација. „Во моето интервју за Il Giornale, моите зборови за Светското клупско првенство на ФИФА не беа толкувани на начинот на кој јас сакав“, изјави Карло Анчелоти за клупскиот медиум. Од Реал Мадрид додадоа дека ништо не може да биде подалеку од интерес од отфрлање на можноста да се игра турнир за кој мислат дека може да биде одлична можност за да продолжат да се борат за големи титули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.