October 4, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед одигра нерешени 3-3 на гостувањето кај Порто каде Мегваер успеа да погоди во судиското продолжение и да го спаси Јунајтед од пораз. По натпреварот, Ерик Тен Хаг рече дека тимот во моментов не треба да биде осудуван и дека ќе се подобрат. „Осудувајте не на крајот од сезоната. Го реков тоа и минатата сезона. Само почекајте бидејќи ние сме во еден процес и ќе се подобриме. Во последните две сезони игравме финалиња, затоа почекајте и стрпете се“, рече Тен Хаг. Тој беше запрашан и дали ќе го дочека крајот на сезоната, на што Холанѓанецот рече: „Ќе продолжиме да работиме и да се бориме. Мислам дека го гледате духот и поврзаноста помеѓу раководството и тимот. Но, особено во делови во дефанзивата, треба да напредуваме“.
Во однос на тоа зошто го извадил Рашфорд на полувремето, Тен Хаг рече дека е приморан да ротира и да ги одмара играчите.View this post on Instagram
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |