October 4, 2024 | | Свет
Секогаш кога Реал Мадрид е во лоша форма а во исто време на нивниот најголем ривал Барселона им оди, започнува пропагандата за „случајот Негреира“, човек преку кој Барселона беше обвинета дека ги поткупувала судиите. Се до овој момент, нема ниту еден доказ за таквото обвинување. Токму овој случај е причината за лошите односи помеѓу претседателите Лапорта и Перез кои беа во солидни односи пред ваквиот наводен скандал. Има пример кога се користеше пропагандата. Во сезоната 2022/23, неколку дена пред реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј се играше вториот дуел откако Барса во првиот дуел славеше на „Бернабе“ со 1-0. Од Реал Мадрид обвинуваа за наводниот скандал, а ова створи огромен притисок и се одрази врз целиот натпревар каде Реал на „Камп Ноу“ славеше со дури 4-0 и се пласира во финалето. Истото се случува и сега каде Реал последното коло ремизираше со Атлетико Мадрид во Ла Лига, а потоа претрпе пораз во Лигата на шампионите од Лил. Токму ова го коментираше поранешниот член на управата на Барселона, Тони Фреиша кој на последните избори за претседател на Барселона беше и кандидат. Фреиша инаку е противник на Лапорта, но има исто мислење како моменталната управа на каталонскиот клуб по ова прашање. „Тажно е што 'случајот Негреира' се базира на тоа што некој паметен дошол во Барселона и побарал пари за да испрати извештати со што, наводно, би се подобриле резултатите на тимот. Потоа се пуштале нови извештаи бидејќи сите претседатели се плашеа дека резултатите ќе бидат лоши ако не се добијат“, рече Фреиша. Барселона беше ослободена од одговорност од Фудбалската федерација на Шпанија, но Реал Мадрид упорно инсистира дека има корупција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |