Суарез: Ја напуштив репрезентацијата поради селекторот Биелса

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Суарез: Ја напуштив репрезентацијата поради селекторот Биелса

Луис Суарез реши да се повлече од репрезентацијата на Уругвај пред околу еден месец каде воедно е и нивни најдобар стрелец во историјата. Тој сега реши да открие дека се повлекол поради селекторот Марсело Биелса. „Не сакав јавно да зборувам за да го зачувам мирот. Имаше состаноци на кои ние фудбалерите баравме барем да не поздравува, но не го правеше ниту тоа. На прес-конферциите кажува убави зборови, но кога бевме во Њујорк ни забрани дури и да ги поздравувавме фановите. На таа одлука се спротиставив и му кажав дека ќе продолжиме да го правиме тоа. „Имавме разговор од околу пет минути во кој јас ги претставува играчите. На крајот од разговорот тој само ми кажа: Ти благодарам. Барам од луѓето да не го вперуваат прстот кон фудбалерите ако работите не одат како што треба. Тој направи и поделба во репрезентацијата“, изјави Суарез. Тој сега игра за Интер Мајами каде сезонава на 25 натпревари постигна 18 гола и шест асистенции во МЛС лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.