Сити едвај славеше против Фулам, Сака го „реши“ Саутемптон (ВИДЕО)

October 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити едвај славеше против Фулам, Сака го „реши“ Саутемптон (ВИДЕО)

Манчестер Сити потешко од очекуваното славеше против Фулам со 3-2 на „Етихад“. Резултатот го отвори Андреас Переира по страшната асистенција со пета на Раул Хименез во 26. минута. После само четири минути возврати Матео Ковачиќ. Само што почна вториот дел, повторно стрелаше Коваиќ по асистенција на Бернардо Силва. Во 82. минута прекрасен гол постигна Жереми Доку, а во 88. минута Родриго Муниз смали на 3-2 со што постави конечниот резултат.

И Арсенал успеа да слави и тоа со 3-1 против Саутемптон. Арчер ги шокираше домаќините во 55. минута, но брзо возврати Хаверц, поточно три минути подоцна.

Во 68. минута Габриел Мартинели успеа да му донесе пресврт на Арсенал со прекрасната асистенција на Сака кој воедно асистираше и за првиот гол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.