Легендата на Партизан доби тренерски отказ за време на натпреварот!

October 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Партизан доби тренерски отказ за време на натпреварот!

Српскиот тренер Саша Илиќ кој воедно е играчка легенда на Партизан, доби отказ за време на натпреварот. Тој беше тренер на Нижњи Новгород во руската лига, а причината за отказот се серијата на лоши резултати периодов. Неговиот тим одигра 2-2 против Акрон, а официјално отказот се потврди по завршувањето на натпреварот. Разрешувањето на Илиќ го потврди и генералниот директор на Нижњи Новгород, Давид Мелик-Хусеинов. „Илиќ беше разрешен, тоа беше одлука на управниот одбор“, изјави Хусеинов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.