Реал Мадрид славеше против Виљареал с..." /> Винисиус даде прекрасен гол, но и се повреди во победата над Виљареал (ВИДЕО) – Статива

Винисиус даде прекрасен гол, но и се повреди во победата над Виљареал (ВИДЕО)

October 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус даде прекрасен гол, но и се повреди во победата над Виљареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше против Виљареал со 2-0 во деветото коло од Ла Лига.

Ова беше уште еден натпревар каде играта на Реал не блескаше, но победата е тука.

Првиот гол го постигна Валверде во 14. минута на асистенција на Модриќ.

Вториот гол буквално дојде од полу-шанса каде Винисиус надвор од шеснаесетникот реши да шутира и прекрасно да погоди во 73. минута.

Она што може да го загрижи Реал се повредите на Винисиус и Карвахал каде допрва се очекуваат повеќе информации. Во наредното коло Реал ќе гостува кај Селта Виго.

Голот на Валверде погледнете го ТУКА.

Голот на Винисиус погледнете го ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.