Струга ТЉ: Нашето раководство беше нападнато, Вардар да реагира!

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Струга ТЉ: Нашето раководство беше нападнато, Вардар да реагира!

Откако шампионот Струга ТЉ го постигна голот за водство од 2-1 против Вардар, настана инцидент во кој нападнати беа претставниците на бранителите на титулата. Во конфликтот беа вклучени претставниците од двата клуба, а од Струга ТЉ излегоа со официјално соопштение околу целиот инцидент. „Денеска бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб. Најостро го осудуваме насилниот обид врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничката екипа. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот. Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решавање на овој сериозен инцидент. Го повикуваме раководството на Вардар да го осуди ваквото однесување на претставниците на клубот“, стои во соопштението на Струга ТЉ. Струга ТЉ издвои убедлива победа од 4-1 на арената „Тодор Проески“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.