Фоден станува најплатениот Британски фудбалер во историјата

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фоден станува најплатениот Британски фудбалер во историјата

Манчестер Сити спрема нов договор за Фил Фоден со кој ќе го направи најпалтениот Британец фудбалер во историјата. Моменталниот договор трае до 2027 година со неделна плата од 200.000 фунти. Новиот договор кој ќе му го понуди Сити на Фоден ќе биде со неделна плата од 375.000 фунти а други детали засега нема. Тој со Сити дури шест пати освои Премиер лига, една Лига на шампиони, едно Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, два ФА Купа, четири Англиски лига куп и два Комјунити Шилд. Според Transfermarkt, проценет е на 150 милиони евра.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.