Бербатов: Играчите треба да се засрамат, 36-годишен играч беше МВП!

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бербатов: Играчите треба да се засрамат, 36-годишен играч беше МВП!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов удри по фудбалерите на „црвените ѓаволи“ каде рече дека тоа што Џони Еванс со своите 36 години беше прогласен за играч на натпреварот е шокантно. „Сите што играа на овој меч треба да засрамат кога МВП на натпреварот е 36-годишен фудбалер. Критиките се оправдани затоа што Јунајтед е на 14. позиција што е неверојатно за таков клуб“, рече Бербатов. Џони Еванс беше дел од онаа генерација која ја освои Премиер лигата во 2013 година, а од тогаш, Јунајтед не станал шампион на Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.