Пикси тврди дека нема проблем: Имам посебен договор со Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пикси тврди дека нема проблем: Имам посебен договор со Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ

Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ и на овој репрезентативен собир нема да бидат дел од селекцијата на Србија. Многумина тврдат дека и овие две ѕвезди го бојкотираат Пикси, но селекторот тврди дека не е така. „Нема никаков бојкот. Имам разговарано со сите. Влаховиќ двапати ме замоли да не доаѓа поради семејни причини. Ми рече дека на овој проблем може да се посвети само за време на паузите и јас тоа го почитувам. Извесно е дека се работи за сериозен проблем, но јас не сакам да навлегувам во детали и играчот да ми се исповедува. „Кога е во прашање Сергеј, со него донесовме заедничка одлука да го прескокне и овој термин. Верувам дека во ноември ќе биде подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Тоа е договор меѓу мене и него. Се надевам дека и Влаховиќ нема да има проблем за наредниот собир“, рече селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.