October 8, 2024 | | Свет
Столе Димитриевски моментално се соочува со непријатна ситуација во Валенсија. Најпрво, Мамардашвили ќе остане уште оваа сезона, а потоа преминува во Ливерпул. Тоа е огромен проблем за Димитриевски кој очекуваше да биде прв голман, но Валенсија не успеа да го продаде Грузиецот летово, туку наредната сезона. Тој вели дека не му е сеедно да биде на клупата бидејќи десет години беше прв голман. „Десет години по ред сум прв голман и затоа ситуацијата во Валенсија ми е тешка за да ја прифатам. Сега се наоѓам во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е сите заедно да излеземе од кризата и да ги оствариме најдобрите резултати. Во фудбалот се случуваат многу чудни работи, ми се случиле и мене во минатото. Мамардашвили остана, но јас сум во клубот во кој сакав да бидам, сега напорно работам и ја чекам мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде шанса и дека ќе стигнеме до победи и избегнување на опасната зона“, изјави Димитриевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |