Академијата на Реал разочарана: Анчелоти не ги есапи младите

October 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Академијата на Реал разочарана: Анчелоти не ги есапи младите

Карло Анчелоти се соочува со неколку предизвици во Реал Мадрид, не само поради повредите на клучните играчи, туку и поради загриженоста од младинските играчи. Информациите на „Relevo“ се дека некои играчи од академијата се чувствуваат песимисти за нивните шанси во првиот тим. Атмосферата во Ла Фабрика сугерира дека дури и во период на криза со повреди, Анчелоти претпочита да се потпира на искусни играчи наместо да им дава можности на младите таленти. Ова чувство остава многу млади играчи да се чувствуваат занемарени. Имено, ваквиот проблем постоел и во првиот мандат на Анчелоти кога беше тренер на Реал Мадрид, но и претходните три сезони. Ваквата тема се отвори со повредата на Карвахал каде Анчелоти се уште е во потрага по соодветна замена за десниот бек. Тренерот останува неубеден во талентите со кои располага младинската академија. Тој треба наскоро да најде сигурна опција, особено со моменталната ситуација во тимот. Карвахал е еден од ретките фудбалери од академијата, но и тој мораше да се докажува во Баер Леверкузен пред да успее да се наметне во Реал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.