Иниеста: Не жалам за „Златната топка“ во 2010 година, нешто друго од тој момент е поважно

October 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Иниеста: Не жалам за „Златната топка“ во 2010 година, нешто друго од тој момент е поважно

Легендата на Барселона и можеби најдобриот шпански фудбалер на сите времиња Андрес Иниеста реши да се пензионира од фудбалот иако одамна го покори спортот. Тој беше запрашан за тоа дали му е мака што не ја освои „Златната топка“ во 2010 година кога се најде во топ 3 листата заедно со Меси и Чави каде тогаш испишаа историја бидејќи сите тројца доаѓаа од ист клуб, но уште поинтересно е што сите тројца ја поминаа познатата школа на Барселона Ла Масија. Таа година Меси ја освои престижната награда, Иниеста беше втор, а Чави заврши на третото место. Шпанецот изјави дека воопшто не му е криво што наградата не заврши кај него, туку за него има поважен момент. „Да, „Златната топка“ е убава награда, но мене поголемо задоволство ми носи тоа што си го исполнив сонот да станат фудбалер, и што ги освоив симпатиите на навивачите, им донесе радост со големо залагање и пожртвуваност. „Сликата од мене, Лео Меси и Чави, на подиумот кога се доделуваше „Златната топка“, е најголемата награда од тој ден, од тој момент. Тројца момци од Ла Масиа, ова е поголемо и поважно од тоа кој го доби признанието“, рече Иниеста.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.