October 9, 2024 | | Свет
Рио Фердинанд постојано зборува за неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. Сега ја отвори темата за продажба на играч во минатото која не требала да се случи. Станува збор за продажбата на Џони Еванс дефанзивецот кој се врати на „Олд Трафорд“, а претходно беше продаден за 8 милиони фунти во ВБА. Тој беше важна карика во тимот на Алекс Фергусон, а замина во 2015 година бидејќи немаше соработка со Луи ван Гал. „Бев изненаден уште кога решија да го продадат и прашував кој дозволи такво нешто. Тој беше најдобар дефанзивец во моментот, па и поискусен од Џоунс и Смолинг, не требаше да му дозволат да замине. Тој знае како функционира клубот и клупската култура и ако сакате да ја задржите, треба да ги зачувате фудбалерите кои во моментот се во клубот и ја разбираат, а Џони беше еден од нив. Требаше да градат околу него, погледнете колку тандеми испробаа оттогаш и колку стопери купија во тој период“, рече Фердинанд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |