Клоп најде нова работа, во договорот има и важна клаузула

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп најде нова работа, во договорот има и важна клаузула

Јирген Клоп пронајде нов ангажман откако замина од Ливерпул. Тој ќе биде глобален директор за фудбал во Ред Бул. Воедно, во договорот ќе има и посебна клаузула доколку добие понуда да стане селектор на Германија. Неговата улога ќе биде да ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа. „По речиси 25 години крај аут линијата, не можам веќе да бидам возбуден а тоа да не биде некој ваков проект. Мојата улога можеби се промени, но мојата страст кон фудбалот и луѓето на кои им е важна оваа игра никогаш нема да се промени. Сакам да го помогнам развојот и унапредувањето на наверојатните фудбалски таленти кои ги има Ред Бул“, рече Клоп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.