Сити го сака, ама Зубименди ги откачи: Останувам во клубот!

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити го сака, ама Зубименди ги откачи: Останувам во клубот!

Мартин Зубименди уште еднаш потврди дека планира да остане во неговиот клуб од детството, Реал Сосиедад. Последниот период наводно Манчестер Сити покажал интерес за него, но откако Шпанецот претходно ги одби Ливерпул, Баерн Минхен и Арсенал, сега го одбива и тимот на Гвардиола. Манчестер Сити е во активна потрага за замена на Родри кој повторно ќе заигра дури наредната сезона поради тешката повреда на коленото. „Секогаш ќе постојат гласини за мојата иднина, но јас отсекогаш сум мислел дека најдобро за мене е да останам во Реал Сосиедад. Се уште имам толку многу работи да му дадам на овој клуб, сакам да останам овде, да растам и да се развивам“, изјави Зубименди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.